Pages

FACEBOOK

понеделник, 14 ноември 2011 г.

Абрамович со 25 милиони за Волкот




Менаџерот на Челси Андре Вилаш-Боаш се надева дека ќе може да го добие крилото на Арсенал, Тео Волкот со оглед на тоа дека бара млади таленти за понатамошниот развој на тимот од Стемфорд Бриџ.

Португалскиот стратег ја следи ситуацијата на Арсенал во оваа сезона. Со доаѓањето на Хуан Мата, Ромелу Лукаку и Ориол Ромеу, Андре сака да продолжи да купува млади играчи и да инвестира во тимот со оглед на тоа дека многу играчи веќе се во залезот на своите кариери.

Челси силно се поврзуваа со Волкот ова лето и со оглед на лошиот старт на Арсенал и со тоа што Тео има договор до крајот на следната сезона може да се случи Андре да атакува кон потписот на овој играч.

Сопственикот Роман Абрамович е спремен да одвои 25 милиони фунти за Волкот и со афирмацијата од Андре дека Волкот одлично би се вклопил во играта на Челси заедно со Мата.

Со многу падови и прогреси, Волкот веќе ја игра 6-тата сезона во Арсенал и прерасна во еден одличен играч кој редовно прикажува одлична игра и се развива се повеќе и повеќе и постигнува голови поредовно.

Минатата сезона Волкот постигна 13 голови и имаше девет асистенции. Арсен Венгер не започна убаво со својот тим но некако се вратија во форма. Останува да видиме дали уште една сезона ќе помине без трофеј за овој клуб и доколку не успеат да се искачат во првите четири позиции може да се случи многу ѕвезди од клубот да си побараат друга средина.

Венгер ги изгуби Самир Насри, Цеск Фабрегас и Гаел Клиши поради неуспевањето на Арсенал во последните сезони.

Челси веруваат дека сега е времето за да се понудат договори на неколку играчи од тимот на Арнсела и Андре верува дека сега ќе успее да купи наследници на Дидиер Дрогба, Флорент Малуда и Николас Анелка кој се верува дека може да го напуштат тимот на Челси уште во Јануари или на крајот на сезоната.

Нема коментари:

Објави коментар