Pages

FACEBOOK

вторник, 29 ноември 2011 г.

Траоре открива: Се чувствував ужасно во Арсенал

Засилувањето на Квинс Парк, довчерашниот фудбалер на Арсенал, Арман Траоре проговори за годините поминати во Емиратите.
Нервоза, анксиозност, страв и неизвесност се емоциите кои провладувале кај младиот фудбалер кој не добивал многу шанси да заигра во дресот на својот клуб.
„Се чувствував ужасно во Арсенал, стресот ме убиваше и не можев да го дадам својот максимум секој дуел, кога добивав шанси да играм бев под притисок да се покажам, бев свесен дека морав да одиграм добро или ќе биде готово со мојата кариера.“
„Секој пат кога ќе ја добиев топката размислував дека не смеам да погрешам, толку работи ми се вртеа во глава што не можев да се сконцентрирам“- изјави Траоре.
Армaн е среќен во Квинс Парк каде не чувствува притисок и сака да му помогне на тимот да се рангира што погоре во табелата. 

Нема коментари:

Објави коментар