Арсен Венгер верува дека ќе биде тешко некој да го стигне Манчестер Сити доколку Граѓаните успеат да ја задржат сегашната форма до Божиќ.
По 11 одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер Сити е лидер на табелата со 12 бода пред Арсенал.
Граѓаните играат во фантастична форма, имаат 10 победи, еден нерешен резултат и ниту еден пораз.
Венгер е свесен дека Сити доколку ваквата предност ја задржи до декември, тешко дека некој би можел да го стигне.
"Манчестер Сити имаше некои импресивни гостински резултати, особено кај Тотенхем и Манчестер Јунајтед" - изјави Венгер.
"Потенцијалот е таму, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите на подолг период. Доколку сеуште ја имаат таа разлика во декември, тогаш може да се каже дека тешко ќе бидат достижни".
"Никој тим во нашата лига кој е непобедлив, нема таков во ниту една лига. Манчестер Сити има квалитет. Тие можат да постигнуваат голови и да бидат ефикасни. Тие се оние кои треба да стигнат".

Нема коментари:
Објави коментар