Pages

FACEBOOK

недела, 20 ноември 2011 г.

Венгер категоричен дека не го напушта Арсенал

Венгер после победата над Норвич со 2-1 појасни дека тој нема да го напушти Арсенал и дека има уште 2 години договор со тимот од Емирати.Претходно, светските весници ги протолкуваа неговите зборови дека „ќе размисли на крајот од сезоната“, како факт дека ќе го напушти тимот на Арсенал и ќе замине во пензија. „Посветен сум на клубот, ова е клуб на мојот живот и ќе го исполнам мојот договор во целост“, потцрта Венгер. „Задоволен сум од играта и од победата на денешниот дуел против Новрич“. „Почнавме добро но потоа направивме грешка и примивме погодок, сепак се консолидиравме и успеавме да направиме комплетен пресврт. Ван Перси уште еднаш покажа дека е помеѓу најдобрите стрелци во овој момент“, дополни Венгер.



Нема коментари:

Објави коментар