Дефанзивецот на Арсенал Алекс Сонг е мета на Интер и Барселона, но лидерите на клубот од Лондон подготви план да го задржи Kaмерунецот во своите редови.Според ''Miror " управата на Топџиите наскоро ќе понуди нов договор на Сонг, иако неговиот вистински завршува во 2014. На овој начин, Арсенал сака да се заштити од предвремено заминување на репрезентативецот на Камерун од Емирати.Се разбира,и 24-годишниот фудбалер може да заработи многу подобро отколку што е сега случај, но финансиските детали од новиот договор не се споменати.Сонг во Арсенал дојде 2006. од Бастија, а интересно е дека пред тоа играше за репрезентацијата на Камерун беше дел од репрезентацијата на Франција до 16 години.

Нема коментари:
Објави коментар