Pages

FACEBOOK

понеделник, 7 ноември 2011 г.

Подолски на листата на желби и на Арсенал и на Тотенхем

Напаѓачот на Келн и германски репрезентативец Лукас Подолски е на листата на желби на два англиски премиерлигаши.
Арсенал и Тотенхем, градските ривали од Лондон се тркаат за негов ангажман и ќе се обидат да го доведат во своите редови уште во зимскиот преоден рок.
Подолски игра одлично во дресот на Kелн во Бундес-лигата, но и самиот вели дека е време за трансфер надвор од Германија.
„Ако заминам од Келн, тогаш ќе заминам надвор од Германија. Овде бев во Баерн Минхен, другите клубови не се премногу интересни за мене. Англија?! Тоа би бил голем предизвик“, изјави Подолски.
Арсен Венгер има уште милиони во џебот од летната продажба, па би можел да ги вложи во ангажман на Подолски, посебно што има најави дека Шамак не ги задоволил неговите барања и дека набрзо ќе се врати во Франција.
Но, и Хари Реднап сака да го доведе германскиот репрезентативец. Кој ќе успее да го доведе во Лондон, останува да покаже времето...  

Нема коментари:

Објави коментар