Кога ќе дојде крај и на оваа фудбалска сезона во Премиер лигата, сите ќе бараме да се потсетиме на најдобрите натпревари кои сме ги виделе.
Некои ќе се сеќаваат на дербито на Манчестер, а други на петте гола на Арсенал постигнати на Стемфорд Бриџ.
Но, сигурно малкумина ќе се сетат на натпреварот на еден ладен ноемвриски ден во Северен Лондон.
Штета, бидејќи фудбалот го красат токму такви неверојатно интригантни настани како што беше натпреварот помеѓу Арсенал и Фулам.
Осум минути до крајот на исцрпното дерби.
Тео Волкот уште еднаш се пушти по десната страна, Томас Вермаелен истрча во совршениот момент, а кога неговиот моќен удар со глава ја прати топката високо во мрежата на Фулам, на Емиратите имаше ерупција од олеснување и среќа.
Фулам никогаш не успеал да го порази Арсенал дома, а до тој момент се чинеше дека победата е нивна.
Дури и Венгер, кој знаеше дека неговиот тим има повеќе од доволно самодоверба и е во одлична форма, гледаше дека играчите се притиснати до нивниот максимум.
Но, како што и самиот подоцна кажа, тие одбиваа да се предадат!
Мартин Џол на крај беше разочаран, меѓутоа сосема беше свесен дека неговиот тим ни малку не ја заслужуваше победата која им ја одзеде истиот оној кој замалку ќе им ја подареше.
Вермаелен премина од антагонист во херој на мечот. Неговиот гол во 65-тата минута ги донесе на раб на пораз Топџиите, за подоцна самиот тој да ја спаси гордоста на тимот.
Понекогаш лесно е да се помисли дека играта на Арсенал во Премиер Лигата е тоа што играта на Барселона е во Ла Лига. Првите 20 минути од мечот Топџиите играа на истиот фасцинирачки начин.
Се чинеше дека таквата игра лесно ќе помине низ клинкавата одбрана на Фулам.
На Аршавин му требаа само 4 минути на теренот за да упати сериозен удар кон нивниот гол.
Ударот беше прогласен за офсајд. Три минути подоцна Ремзи упати свој удар, Шварцер одбрани.
Секој потег кој го правеа беше полн со креативност и интелигенција.
Фулам се мачеше да организира напад, но полека постигнаа рамнотежа. Замора беше неуморен.
Неговите константни обиди да се пробие им создаваа проблеми на играчите на Арсенал.
Второто полувреме започна со уште поинтензивно темпо. Сите мислеа дека првиот погодок ќе го постигне Ван Перси.
Околу 60-тата минута тој се проби низ одбраната на Фулам, тргна кон удар со кој би го поразил Шварцер, но беше сопрен од Баирд.
Тогаш дојде страшниот момент за Арсенал. Дени Марфи упати лесен удар. Одбраната на Арсенал збунето реагираше.
Рисе се тргна да ја искористи забуната, Вермаелен ја испушти ногата, а топката се одби од него и полека го помина голманот на Арсенал!
Се направија измени и кај двата тима, но коцките веќе беа наместени во корист на Фулам.
Се до 82-рата минута, кога како вистински филмски херој Вермаелен ги крена Емиратите на нозе, фигуративно и буквално.
Вистинска штета ќе биде ако овој меч биде заборавен.
Можеби немаше многу голови, но упорноста што ја покажаа Топџиите, чувствата кои беа доживеани, тоа е она што го прави фудбалот најважната споредна работа на светот.

Нема коментари:
Објави коментар