Pages

FACEBOOK

четврток, 10 ноември 2011 г.

Тиери Анри : Работата на Венгер е потценета

Бившиот напаѓач на Арсенал и фудбалер на Њујорк Ред Булс, Тиери Анри, изјави дека јавноста не ја цени доволно работата на Венгер.Тренерот на Арсенал овие денови е постојано под критики упатени поради лошата игра на неговиот тим, но некогашниот фудбалер на Арсенал, Анри верува дека не постои подобар тренер од него. 
„Еден ден кога Венгер ќе се повлече од фудбалот, тогаш луѓето ќе сфатат што тој правел за тимот. Секогаш е лесно да се критикува, но може ли некој да биде подобар на клупата на Арсенал од Венгер“?
„Него не му беше лесно во последно време, има многу проблеми, јас со цело срце се надевам дека ќе освои трофеј оваа година. Клубовите од Мначестер тоа многу го отежнаа, но не смееме да заборавиме што направи Венгер за овој клуб“ 
„Арсенал е клуб во кој се игра преубав фудбал, а јас веќе одамна станав доживотен член“- изјави Анри. 

Нема коментари:

Објави коментар