Жервињо очигледно не добива многу признанија, но формата на Робин Ван Перси тргна во нагорна линија откако тој се врати во тимот. Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, кој беше суспендиран за три од првите четири Премиерлигашки натпревари, гледаше од трибините како Арсенал се мачи, но откако се врати во тимот, играта на Ван Перси се подобри, а причина за тоа е Жервињо.Жервињо потпиша со Арсенал договор вреден 10.7 милиони евра ова лето, со репутација: „прави асистенции исто колку што и постигнува голови“. Минатата сезона, додека играше за Лил, постигна 15 голови и обезбеди 11 асистенции и му помогна на Лил да освои двојна круна – Лигата и Купот.

Раната суспензија го одложи вистинскиот старт на сезоната за Жервињо
Жервињо имаше тежок старт на сезоната. Започна добро против Њукасл и тогаш беше жртва на суров црвен картон по судирот со Џои Бартон. Следните три натпревари од Премиер Лигата мораше да ги гледа од трибините, а како резултат на тоа пострада Арсенал. Во овие први четири натпревари, „Топџиите“ обезбедија само 4 бода, а Ван Перси постигна само еден гол.
Меѓутоа, откако се врати на натпреварот против Блекбурн, Жервињо е на врвот на својата игра. Во овие шест натпревари има направено 6 асистенции – сите за Ван Перси, кој во истите тие шест натпревари постигна 9 гола. Ова е знак дека нивното партнерство почнува да функционира и токму Жервињо го поттикнува оживувањето на Робин.

Откако Жервињо се врати во тимот, Арсенал дефинитивно игра повеќе на неговата страна од теренот. Микел Артета, Арон Ремси и Алекс Сонг го имаат поголемиот дел од поседот на топката во центарот од средниот ред, но Жервињо од левата страна добива повеќе топки од Волкот на десната страна.
Не само што има поголем посед на топката, туку прави и повеќе додавања, создавајќи повеќе шанси преку клучни додавања и има повеќе удари од Тео Волкот на спротивната страна.
Жервињо Волкот
(по натпревар) (по натпревар)
Допири 44.1 36.2
Додавања 27.1 20.4
Клучни додавања 1.3 0.7
Асистенции 0.6 0.1
Вкупно удари 1.9 1.6
Удари во оквир на голот 1.0 1.0
Голови 0.3 0.2

Жервињо не само што повеќе ја гледа топката од Волкот на спротивното крило, туку и повеќе прави со неа, правејќи клучни додавања со кои создава шанси и произведува асистенции.
Сите четири асистенции на Жервињо досега во Премиер Лигата беа за Ван Перси. Головите на Холанѓанецот им дадоа за право на критичарите да тврдат дека Арсенал е тим со еден играч, но иако Ван Перси ги финишира нападите на Арсенал, изгледа како придонесот на Жервињо да поминува незабележан. Додека Холанѓанецот го зграбува целото внимание, Жервињо тивко го прави своето значајно влијание.
Нема коментари:
Објави коментар