Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард призна дека е голем фан на играчот за врска на Арсенал, Џек Вилшер.
„Сите се надеваме дека Џек ќе се врати во најскоро време. Тој е толку талетирано момче што сум сигурен дека ќе си го заслужи своето место во составот на Англија за Европското првенство“.
„Навистина тој има одличен потенцијал. Незнам уште колку време ќе му биде потребно да се рехабилитира од повредата, но знам дека сите го сакаме назад во репрезентацијата“.
„Сакам да го видам повторно на теренот, бидејќи неговата игра е фантастична за гледање. Сите во Англија му држат среќа и знаеме дека тој може да ја направи селекцијата уште посилна“, смета Џерард.
Нема коментари:
Објави коментар