Со своите игри во последните неколку месеци 22-годишниот Марко Ројс го привлече вниманието на Баерн Минхен и Арсенал, но и на селекторот на Германија, Јоаким Лев. Напаѓачот на Борусија Дортмунд од страна на неговиот клуб е проценет на 16 милиони евра, а се очекува борба за неговиот ангажман во зимскиот преоден рок да водат токму Арсенал и Баерн.
Арсен Венгер се заинтересира за Ројс по препорака на поранешниот голман на „топџиите“ Јенс Леман, а некои медиуми сугерираат дека Арсенал е во предност во однос на Баерн поради пријателскиот однос на Венгер и тренерот на Менхенгладбах Лусиен Фавре.
Пореална опција кога Ројс е во прашање е тој да остане до следното лето во својот тим, а дури по Еуро 2012 да биде продаден, можеби и за поголема сума од сегашните 16 милиони евра.

Нема коментари:
Објави коментар