Арсенал во рамките на четвртфиналето од Карлинг Купот на домашен терен ке се сретне со екипата на Ман.Сити што е прилика доскорешениот љубимец на Топџиите да го посети својот некогашен дом.
Тренерот на Арсенал,Арсен Венгер,се надева дека некогашната ѕвезда на клубот ке добие позитивен прием од страна на навивачите еверва на Емирати.
"Се надевам дека навивачите ке го поздрават Насри."
"Незнам дали ке настапи вечерва но сакам секој наш поранешен фудбалер на Емирати да наиде на позитивен прием од страна на навивачите."
Венгер говореше и во врска со значењето на Насри за Арсенал.
"Самир кај нас имаше огромен напредок."
"Се стекна со феноменална техника во својата игра и стана играч којшто можеше да реши натпревар со еден потег.Секако беше важен дел од оваа екипа и сигурен сум дека така и ке биде во дресот на Ман.Сити."-истакна Венгер.

Нема коментари:
Објави коментар