Pages

FACEBOOK

недела, 20 ноември 2011 г.

Ван Перси: ќе завршиме во Топ 4


Холандскиот интернационалец во редовите на Арсенал ја истакна важноста на победата над Норвич и е задоволен поради тоа што победата дојде по неговите два погодоци.
„Среќен сум поради победата, знаевме дека ќе биде многу тешко на овој натпревар. Овде никој лесно не дошол до поените во текот на оваа сезона“, истакна двократниот стрелец. 
„Самите си направивме проблем со оглед на тоа дека пропуштивме неколку изгледни прилики да го отвориме резултатот, но на крајот сепак се излезе во најдобар ред и трите поени завршија на нашето конто“, додаде капитенот на Арсенал. 

Истовремено Робин Ван Перси ја истакна целта која топџиите ја имаат за оваа сезона: „Сакаме да завршиме во Топ 4, имаме многу повредени играчи. Доволно сме квалитетни да го оствариме тоа“.

Нема коментари:

Објави коментар