
Веќе е познато дека претседателот на Интер Масимо Морати посакува да ја обнови и засили екипата во текот на зимскиот преоден рок. Сега, од италија доаѓа информацијата дека една од главните желби на првиот човек на тимот од Милано е капитенот на Арсенал, Робин ван Перси.
Холанѓанецот е под договор со „топџиите“ до јуни 2013. година, а тој со клубот се уште не ги започнал преговорите околу новиот договор. Тоа, како и неговата одлична форма оваа сезона, во која на 15 натпревари постигна 12 погодоци, го заинтересираа Интер, како и неколку други европски гиганти.
Сепак, ќе биде потребна богата понуда да го убеди Арсенал на продажба на својот најдобар играч оваа сезона, а можно е ниту во тој случај тие да не се одлучат на продажба.
Нема коментари:
Објави коментар