Pages

FACEBOOK

четврток, 10 ноември 2011 г.

Кевин Гроскројц среќен поради интересот од Арсенал


Крилото на Борусија Дормунд Кевин Гроскројц е среќен заради информации кои го поврзуваат со Арсенал. Според Дејли меил Гроскројц би прифатил трансфер на Емирати.Играчот на милионерите бил набљудуван од скаутот на Арсенал Стив Ројли на натпреварот од лигата на шампионите против Олимпијакос,кога тој и го постигна победоносниот гол за актуелниот германски шампион. 23 годишниот играч со Дортмунд има важечки договор до 2014 година. Сепак неговиот агент Константин Лиолис откри дека тој е свесен за интересот што го има Арсен Венгер за неговиот клиент,додека пак самиот германски интернационалец рекол:"Доколку некогаш го напуштам Дортмунд,би сакал тоа да биде за некој клуб во премиер лигата,а мој омилен тим од Англија е Арсенал".
.

Нема коментари:

Објави коментар