Pages

FACEBOOK

понеделник, 14 ноември 2011 г.

Сеск Фабрегас: Арсенал не може да си дозволи и Ван Перси да замине

Поранешниот капитен на Арсенал, Сеск Фабрегас вели дека ’Топџиите’ не можат да си дозволат заминување од клубот на Робин ван Перси. Фабрегас, кој изминатово лето го напушти Емирати за да се врати во Барселона, клубот каде што ја започна својата кариера, исто така го советува Робин ван Перси дека сега е време да одлучи дали ќе му остане верен на Арсенал или пак ќе реши да замине. 

Ван Перси има уште 18 месеци од договорот со ’Топџиите’ и иако вели дека е лојален на Арсенал, холандскиот репрезентативец не се брза со преговорите за продолжување на верноста, и ги одложи дискусиите за новиот договор дури за кон финишот на сезоната.
 “Не знам дали Арсенал ќе успее да го задржи Ван Перси.” – рече Фабрагас за ситуацијата на својот поранешен соиграч. “Одлуката е негова.” 
“На негови години (28), доколку сака да замине ова е последна шанса. Доколку сака да остане, ќе остане и ќе се пензионира во Арсенал.” 
“Ќе видиме каква одлука ќе донесе, но Ван Перси со години е многу лојален на Арсенал.”
 “Тој е клучен фудбалер, фановите го сакат. Се работи за пример во кој се огледуваат останатите.”
 “Ван Перси е ѕвезда и Арсенал не може да си дозволи тој да замине.”
 “Има одлична сезона. Се надевам дека ќе биде фит до крајот на сезоната. За жал, кога јас бев во Арсенал, тој ниту еднаш не уживаше во цела сезона без повреда.”

“Дали би можел да дојде во Барселона? Тој ќе се вклопи во било кој тим, но јас сум фан на Арсенал и сакам Ван Прси да остане во Арсенал.”
 Шпанецот потоа проговори за неговиот престој на Камп Ноу.
 “Весел сум, постигнувам погодоци и играм. Секој ден сум со пријателите. Во моментов, за мене е како сон.” 
“Играм повеќе отколку што очекував, па затоа сум многу среќен. Ќе видиме што ќе се случи на крајот од сезоната. Сакам да освојувам трофеи.”
 “Знам дека некои луѓе говореа за тоа дека нема да се изборам за место во тимот. Можеби тие не веруваа премногу во мене.”
 “Често зборувам со поранешните соиграчи. Арсенал ми даде се и никогаш нема да го заборавам тоа. Арсенал секогаш ќе биде специјален клуб за мене. Фановите беа извонредни. Имам само убав зборови за нив.” 
“Жално е што започнаа лошо оваа сезона но тие одново се на победнички патеки и им оди одлично.”

Нема коментари:

Објави коментар