Голманот на Арсенал Војчех Шчесни останува на листата на трансфер желби на Барселона.
Според весникот Ел Мундо Депортиво кој е близок до раководството на каталонците,Шчезни би бил идеален голман за Барселона.
Во пољакот актуелниот шампион на Шпанија би добил млад перспективен голман кој би можел доста да научи од Валдес,а по некое време би станал и прв голман на Камп Ноу.
Сепак како главен фаворит за второто голманско место во Блауграна се смета талентираниот 20 годишен млад голман на аргентински Ланус Естебан Андрада.
Други имиња кои се спомнуваат како замена за Жозе Пинто се и голманите на Бреша, односно Твенте Никола Леали и Николај Михаилов.

Нема коментари:
Објави коментар