Богатиот руски клуб Анжи Махачкала изрази интерес за тренерот на „Топџиите“, Арсен Венгер.
Идејата Венгер да управува сo Анжи била дискутирана откако се појавија гласините дека можни се промени на кормилото на Арсенал.
Daily Mail неодамна објави дека Венгер признал дека ќе размислува за својата иднина во Арсенал на крајот од оваа сезона.Како причина за тоа тој го наведе фактот дека чувствува како да не е во можност да го одведе Арсенал на следното ниво.
Исто така, тој призна дека заминувањата на Цеск Фабрегас во Барселона и на Самир Насри во Манчестер Сити многу влијаеле врз резултатите на Арсенал.Дали Анжи Махачкала ќе потпише со Арсен Венгер и дали тој е заинтересиран за преселба во Русија останува да видиме.
Други кандидати за тренерската позиција во Анжи се Гус Хидинк и Дидие Дешамп.Во моментов, рускиот клуб е управуван од страна на Андреј Гордеев и поранешниот бразилски фудбалер Роберто Карлос.

Нема коментари:
Објави коментар