29 годишниот плејмејкер се пресели на Емирати во последниот ден од летниот трансфер период и ги одигра сите натпревари за својот нов клуб во Премиерлигата.
Менаџерот на ’Топџиите’ има пофални зборови за тоа како Микел Артета се привикнува на животот во Арсенал и додава дека Шпанецот одлично умее да ја задржи топката.
“Тој е важен фудбалер за нашиот тим.” – рече Арсен Венгер. “Кога е потребно да ја задржиме топката тој може да го стори тоа – Џек Вилшер исто така може да го стори тоа.”
“Но бидејќи Џек е надвор од стројот поради повреда, Микел е фудбалерот кој може да ја задржи топката кога тоа е потребно.”
“Артета се адаптира на нашата игра. Доколку ги погледнете статистиките од Премиерлигата, Арсенал е тимот кој најмалку ја враќа топката наназад.”
“Тоа значи дека кога ја имате топката не се работи само за донесување одлука, се работи за можности. Се работи за тоа колку фудбалери имате пред вас – доколку имате фудбалери зад вас, ќе треба да ја вратите топката наназад.”
Венгер верува дека Артета може да има и успешна кариера како репрезентативец, но стратегот е свесен дека воопшто не е лесно да се обезбеди место во селекцијата на Шпанија.
“На поинаков начин Микел е како Рајан Гигс. Тој (Гигс) имаше лоша среќа да игра за Велс, селекција која никогаш не настапи на големо натпреварување.”
“Артета е роден во Шпанија, селекција која има голем број на извонредни фудбалери од средниот ред.”

Нема коментари:
Објави коментар