Андреј Аршавин повторно истакна дека доколку не почне да игра редовно, ќе го напушти Арсенал.Уште во текот на минатата сезона русинот го загуби местото во првиот тим, а по доаѓањето на Жервињо во текот на летото, Арсен Венгер почна да го користи уште поретко. Самиот тој призна дека не се наоѓа во добра форма, но сепак тврди дека доколку ситуацијата не се промени, тој може да побара трансфер. „Во овој момент не размислувам за промена на клубови. Сепак ако се покаже дека сум предолг период на клупата, тоа ќе се промени“, прокоментира тој за Спорт Експрес. Се шпекулира дека од Анжи Махачкала има сериозен интерес за фудбалерот и со сигурност рускиот клуб може да му понуди атрактивна плата и место во првиот тим.
.

Нема коментари:
Објави коментар