Дефанзивецот на Арсенал има татко Британец и мајка од Финска и тој има настапувано и за Англија и за Финска во младинските тимови. Сепак тој сеуште може да настапува за двете држави, затоа што тој сеуште нема сениорски настап.
Џенкинсон се прилагоди добро на Емирати, после неговиот летен трансфер од Чарлтон и изгледа дека има светла иднина. Сега останува да се види дали таа иднина лежи во Англија или Финска.
"Сите знаат дека јас треба да направам избор на тој фронт," рече Џенкинсон. "Но во моментов јас само се концентрирам на мојот Клуб, тоа е мојата главна цел.
"Моментално да бидам искрен не знам која ќе биде мојата одлука, затоа тоа е нешто што добро ќе го проучам. Но сега не сум во таква позиција, па се концентрирам само на Арсенал и да остварам што подобар перформанс."

Нема коментари:
Објави коментар